Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 7,8 отсто во септември 2010, во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето се должи на зголемените цени во групата енергија за 15,1 отсто, интермедијарни производи за 5,5 отсто, капитални производи за 3,5 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто. Индексот на продажните цени во секторот вадење руди и камен за истиот период е повисок за три отсто, во секторот на преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 3,7 отсто. Во групата за производство на прехранбени производи и пијалоци продажната цена на производителите се зголемила за 4,5 отсто, а производство на основни метали за 20,6 отсто. Индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5,9 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 7,8 отсто во септември 2010, во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на зголемените цени во групата енергија за 15,1 отсто, интермедијарни производи за 5,5 отсто, капитални производи за 3,5 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто.
Индексот на продажните цени во секторот вадење руди и камен за истиот период е повисок за три отсто, во секторот на преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 3,7 отсто.
Во групата за производство на прехранбени производи и пијалоци продажната цена на производителите се зголемила за 4,5 отсто, а производство на основни метали за 20,6 отсто.
Индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5,9 отсто.